Илон Маск донесе мијалник во седиштето на „Твитер“ пред истекот на крајниот рок за купување на компанијата

Милијардерот Илон Маск донесе порцелански мијалник во седиштето на „Твитер“ пред истекот на крајниот рок за купување на компанијата. Маск го посети седиштето на „Твитер“ ден пред да ја заврши зделката вредна 44 милијарди долари. Тој најави дека ќе го купи „Твитер“ уште пред неколку месеци.

„Влегувам во седиштето на Твитер! Нека слегне тоа малку“, напиша Маск на „Твитер“.

Судот во Делавер донесе одлука дека договорот за купопродажба мора да се реализира до 28 октомври, а ако крајниот рок не биде испочитуван, следниот чекор ќе биде судење во ноември.

Маск претходно најави дека ќе го посети седиштето на „Твитер“ неделава, но не тврдеше дека зделката е комплетирана. Објасни дека на оваа социјална мрежа ѝ се потребни големи промени. Како што пренесоа некои од медиумите, промените би можеле да значат и отпуштање на работници.

Scroll to Top