Илон Маск најави дека борбата со Цукерберг ќе се пренесува во живо на „Х“

Сопственикот на X, порано на Твитер, Илон Маск, на социјалните мрежи објави дека мечот во кафез со извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, ќе се пренесува во живо на платформата Х.

Двајцата бизнисмени и милијардери се предизвикуваат меѓусебно на социјалните мрежи од јуни и најавуваат натпревар во кафез со мешани боречки вештини во Лас Вегас, пренесува Ројтерс.

„Борбата Марк против Маск ќе се емитува во живо на X. Сите приходи ќе бидат наменети за добротворни организации за ветерани“, изјавил Маск во објавата на X.

Тој претходно на X објави дека секој ден „крева тегови и се подготвува за борба“. Кога корисник на X платформа праша која е поентата на борбата, Маск одговори дека тоа е „цивилизирана форма на војна“.

А мажите сакаат војна“, заклучил Маск.

Scroll to Top