Илон Маск нареди враќање на вработените во фабриката на Тесла, ако не ќе им даде отказ

Илон Маск, сопственикот на „Тесла“, им наредил на сите негови вработени во „Тесла“ да се вратат во канцелариите и да работат со полно работно време. За него работата од далечина, како бизнис-модел наметнат поради пандемијата, е неприфатлив. Луѓето кои не се подготвени да ги почитуваат новите правила може „да глумат дека работат на друго место“, рече Маск.

Сите вработени во Тесла мора да поминуваат најмалку 40 часа во канцеларија неделно. Со непојавувањето на работа, Маск тоа ќе го смета дека работникот си дал отказ. Во е-пошта стои дека вработениот треба да се пријави на работа во една од главните канцеларии на компанијата, а не во оддалечена експозитура која не е поврзана со работни обврски.

Маск лично ќе ги разгледува сите барања за изземања, бидејќи смета дека личната соработка е клучна за успехот на компанијата. Тој ја наведува и причината поради која носи ваква одлука и вели дека иновацијата не се создава од далечина и дека „Тесла“ мора да ги произведува највозбудливите и најзначајни производи од која било друга компанија на Земјата. Тоа нема да се случи со јавување, одржување онлајн состаноци, вели тој.

Животот во фабрика на Маск му е познат, поради неговиот тврдоглав однос кон работата. Ретко оди на одмор, а во периодот на криза на „Тесла“ пред неколку години спиеше во фабрика.

Scroll to Top