Илон Маск пак сака да го купи „Твитер“

Илон Маск пак сака да го купи „Твитер“. Основачот на „Тесла“ испратил уште една понуда по цена од 54,20 долари за акција. Тоа е истата цена која првично ја предложи во април годинава, пред да се обиде да се откаже од договорот, пренесе „Блумберг“, повикувајќи се на анонимни извори.

Трговијата со акции на „Твитер“ за кратко беше запрена. Маск и „Твитер“ веќе со месеци се борат околу превземањето на компанијата. Откако се понуди да ја купи компанијата, Маск се обиде да го поништи договорот, тврдејќи дека „Твитер“ лажел за бројот на бот налозите на платформата.

„Твитер“ го тужеше Маск во обид да го натера да се придржува до договорот за кој преговараше, а судењето треба да се одржи на 17 октомври.

Scroll to Top