„Индекси и пријателите“ со концерт во Филхармонија ќе прослават 60 години од основањето на култниот бенд

На 28 октомври во Филхармонија ќе се одржи концертот „Индекси и пријателите“ со кој ќе се прослават 60 години од основањето на култниот сараевски бенд. „Индекси“ е најдолготрајната и најзначајната босанска поп-рок група, а важи и за еден од најдобрите ексју бендови. Основана 1962 година, групата постоеше до 2001 година.

Концертот во Скопје е дел од регионалната турнеја, а за која ќе се соберат живите членови на бендот: Фадил Реџиќ, Нено Јурин, Мирослав Шарановиќ, Пецо Петеј, Владо Правдиќ, легендарниот клавијатурист на „Бијело дугме“, кој музичката кариера ја започна во „Индекси“, и гитаристите Мурис Варајиќ и Иван Кукиќ.

Најпознатите хитови на бендот ќе ги испеат познати, но и млади музичари, меѓу кои и Дадо Топиќ, Бранко Ѓуриќ-Ѓуро, Бојана Стаменов, Тамара Тодевска,  Дејан Цукиќ и други.

Билетите се веќе во продажба по цена од 1.200 до 1.900 денари.

 

Scroll to Top