Иран го осуди на смрт најдобриот фудбалер во историјата на земјата

Азербејџанскиот портал „Репорт“ пишува дека легендата на иранскиот фудбал, Али Даеи (53) е осуден на смрт откако учествуваше во протестите во градот Сакез поради убиството на Махса Амини која неправилно носела хиџаб.

Даеи е поранешен капитен и најдобар стрелец во историјата на иранската фудбалска репрезентација со 109 гола. Долго време беше најдобар стрелец на сите времиња за националните тимови. Неговиот рекорд го урна Кристијано Роналдо.

На крајот на септември тој ја повика иранската влада да ги реши проблемите на иранскиот народ наместо да користи репресија, насилство и апсења.

„На Даеи му беше одземен пасошот поради тоа што го напиша на Инстаграм“, објави реформистичкиот весник Хамихан.

Светските медиуми не ја пренесоа веста дека Даеи е осуден на смрт, а раководството на иранската држава не ја коментираше информацијата.

Scroll to Top