Џузепе Патерно магистрираше на 98 години и стана највозрасниот студент во Италија кој добил магистерска диплома.
Патерно магистрираше историја и филозофија од Универзитетот во Палермо, а дипломираше во истите области пред две години. Тој сега сака да напише роман.
„Последниот испит повторно го положи со највисоки оценки“, објави неговото семејство на Фејсбук.
Роден 1923 година, Патерно израснал во сиромашно семејство на Сицилија. Но, покрај љубовта кон книгите и учењето, тој како помлад не можел да оди на универзитет. Наместо тоа, тој служел во морнарицата за време на Втората светска војна, на 20-годишна возраст, а подоцна работел во железницата во Италија.