Иван Босиљчиќ по четири години ќе одржи концерт во Скопје

Српскиот актер Иван Босиљчиќ на 19 јуни од 20 часот ќе има концерт во Националната опера и балет. Ова е негов прв концерт во Скопје по четири години.

Босиљчиќ, кој има долга актерска кариера, долго време го има и музичкиот проект „Наша вечер“, каде што пее и рецитира поезија. Со својот проект Иван постојано настапува низ градовите во Србија и регионот, а своите музички вечери ги изведе и пред публиката во Австрија, Швајцарија, Норвешка, Шведска, Канада и Исланд.

Организатор на концертот е „Нова травел“.

 

Scroll to Top