Ивана била во брак 25 години, откако се развела го добила сопругот на суд кој мора да ѝ плати 204.000 евра и пензија до крај на животот

Ивана Морал која била во брак 25 години, добила 204.000 евра од нејзиниот бивши сопруг, како исплата за работите кои таа ги вршела дома, додека тој бил на работа.

Шпанскиот судија Лора Руиз Аламинос донел одлука да ѝ исплати компензација за 25 години неплатени домашни работи. Судијата го пресметал износот на основа на минимална месечна професионална плата за четврт век, колку што биле во брак.

Според одлуката објавена во вторникот, мажот чие име не е познато мора да ѝ плати на Ивана пензија од 500 евра месечно, како и 400 и 600 евра на своите ќерки, кои сега имаат 20, односно 14 години.

„Моите ќерки и јас останавме без ништо по сите овие години. Потрошивме и вложивме дел од нашето време, енергија, љубов“, рече Морал, и објасни дека во бракот не добила никакви финансиски средства.

„Му бев поддршка на сопругот и во работата и во семејството. Никогаш немав пристап во финансиските работи. Сè беше на негово име“, додаде таа.

Двајцата се венчале во 1995 година, а Морал побарала развод во 2020 година. Објаснила дека сопругот изградил успешен бизнис со вежбални и дека можел да си дозволи да си купи „Порше Кајен“, „Ренџ Ровер“, „БМВ мотор“ и фарма со маслиново масло од 70 хектари, која е проценета на 4 милиони евра.

Кога нивната постара ќерка наполнила 16 години, сопругот одбил да ѝ го плати школувањето, па таа морала да работи. Кога се венчале, сега веќе бившиот сопруг ја замолил да потпишат договор за да ги поделат работите. Тој требало да си го задржи целото свое богатство, а заедничкиот имот да го поделат.

Откако побарала развод, ја добила само половината од нивната куќа и ништо повеќе, пренесе Inews.

Морал, чиј бивши сопруг не е именуван во судската пресуда, рече дека се надева дека нејзиниот случај ќе биде инспирација и за другите жени со вакви или слични проблеми.

„Причината поради која одлучив да разговарам со медиумите е затоа што сакав жените да знаат дека можеме да побараме и домашни работи кога постои договор за раздвојувањето на добрата“, објасни Ивана.

„За да можел тој да ја продолжи кариерата, таа останала дома да ги чува децата и никогаш не повикале никој да им помогне. Била негова сенка, работела за него за да може тој професионално да се реализира и да стане тоа што денес е“, рече нејзината адвокатка Марта Феунтес

 

Scroll to Top