Ја дезинфицирала куќата, па подготвила пилешко со кое си ги отрула децата

Мајка од Турција по дезинфекција на куќата, подготвила пилешко месо за ручек па си ги отрула децата.

Инџи Сандик со двата сина и ќерка, во саботата наутро била примена во болница во Бодрум со симптоми на труење. И покрај напорите на лекарите, нејзиниот шестмесечен син починал, а набрзо починала и нејзината шестгодишна ќерка.

Мајката и нејзините синови Сезаи, Ураз и ќерката Карја, живеат во областа Мугла во Бодрум,. Тие во болница биле примени откако им се слошило.

За синот Ураз, постои сомневање дека бил отруен од мајчиното млеко, ќерката Карја, била во тешка состојба и била префрлена во друга болница, но и таа починала во неделата, јавуваат турските медиуми.

Семејството на 19 мај вечерало пилешко и неодамна ја дезинфицирало куќата, сега страгата треба да открие дали труењето го предизвикало пилешкото или некоја хемикалија.

Според последните информации мајката Инџи и нејзиниот втор син Сезаи се во стабилна состојба.

Scroll to Top