Јапонска принцеза се откажа од круната и милионите и се омажи за нејзин колега од факултет, сега живеат во еднособен стан во Њујорк

Поранешната јапонска принцеза Мако, внука на царот, се откажа од кралската титула и милиони кои можеше да ги има, откако се омажи за еден колега од факултет. Тие заедно се преселија во САД, во Њујорк, каде таа работи како волонтерка во Музејот на уметност „Метрополитан“.

Двајцата живеат во еднособен стан, а Мако во музејот се грижи за азиската збирка на уметност и помага во составување на изложбите на сликите инспирирани од животот на монасите во 13 век, кога го вовеле будизмот во Јапонија, пренесе „Јапан тајмс“.

Нејзиниот сопруг Ки Комура работи како адвокат. За потсетување, принцезата Мако во 2017 година најави дека ќе се омажи за својот долгогодишен дечко, кој нема ниту племенски ниту кралски статус, туку е обичен граѓанин.

Тие се запознале во 2012 година за време на нивните студии на Интернационалниот христијански универзитет во Токио. Тие требале да се венчаат во 2018 година, но до тоа не дојде, пренесе BBC.

Една од причините било медиумското внимание по нивната свршувачка. Во јавноста беше објавено дека доживеала нервен слом, предизвикан од стрес.

Јапонското кралско семејство им дава по милион долари на сите жени кои ќе одлучат да си заминат, а по обичај тие треба да се одречат и од сите кралски титули. Мако парите ги одбила и станала првата жена која ги одбила сите поволности кои кралското семејство ѝ ги понудило.

Scroll to Top