Јапонците произведоа робот висок 4,5 метри

Јапонската компанија „Субаме индустрис“ разви робот со четири тркала, кој изгледа како оној од популарната јапонска анимирана серија „Мобајл суит гандам“.
Станува збор за роботот наречен АРЧХАХ, кој е висок 4,5 метри и чини три милиони долари. Неговиот кокпит е опремен со монитори, кои го прикажуваат она што е снимено од камерите поставени надвор, а „пилотот“ сместен во торзото може да ги контролира дланките и рацете со помош на џојстик.
Роботот тежи 3,5 тони и ќе биде претставен на саемот за мобилност во Јапонија месецов. Има два режими, исправен „режим на робот“ и „режим на возило“, во кој може да достигне брзина до 10 километри на час.
– Јапонија е добра во анимација, игри, роботи и автомобили, па помислив дека би било одлично ако направам производ што ги комбинира сите тие елементи во едно – вели Рио Јошида, 25-годишниот директор на „Субаме индустрис“.
Неговиот план е да произведе и продаде пет роботи, но тој сонува дека еден ден тие ќе можат да помогнат при катастрофи или во вселенската индустрија.

Scroll to Top