Јас не сум Васко Жабата, фронтменот на групата открива како настанала песната

Бугарската песна која во моментов е голем регионален хит „Комбајна вршачка“ на бугарскиот оркестар „Камчија“ е стара 20 години. Додека феноменот на „Васко Жабата“ на социјалните мрежи во моментов руши рекорди во слушаност.

Фронтменот на групата Борис Иванов открива дека песната е стара веќе 20 години, а сега ја доживеала вистинската кулминација.

Членовите на бендот дознале дека нивната песна е голем хит преку Тик-ток кога ќерката на фронтменот Борис Иванов, која има 14 години,  му кажала дека тие се многу популарни на социјалната мрежа.

Песната отсекогаш била барана да ја пеат на свршувачки и свадби, но сега откако станала регионален хит сè повеќе е барана на нивниот репертоар. Со „Васко жабата“ и популарноста на бендот пораснала, па добивале покани дури да настапуваат и во Србија.

„Васко жабата е измислен лик. Јас не сум Васко Жабата. Цеца Мецата е исто така измислен лик“, вели во интервјуто фронтменот Иванов.

„Оркестарот Камчија ме поканија да станам нивни член. Песната ја ставивме на албум пред 20 години. Тогаш беше хит, а сега е уште поголем“, вели пејачот Ангел Павлов.

Scroll to Top