Камерон Дијаз и Кејт Винслет ќе снимаат продолжение на филмот „Холидеј“

Божиќниот филм „Холидеј“ со Камерон Дијаз, Џуд Ло и Кејт Винслет после 17 години ќе добие второ продолжение. Во првиот дел од филмот Британката Кејт Винслет го замени нејзиниот дом со Американката Камерон Дијаз за Божиќ.

„Планот е да започнат со снимање идната година. Емитувањето на филмот ќе се случи прво во Велика Британија, па потоа во Европа. Екипата останува иста“, изјавил извор близок до „Сан“.

„Холидеј“ е еден од најуспешните божиќни филмови, во кој сè уште уживаат секоја година милиони фанови ширум светот.

Снимањето на првиот дел од „Холидеј“ чинеше 70 милиони фунти. Над 200 милиони фунти беа заработени од кино салите пред да биде достапен на онлајн платформите.

Scroll to Top