Камионџија добил трипати на лото во една година

Камионџија од Мериленд трипати добил на лото за само 11 месеци. Добитникот од округот Чарлс кој рече дека сака да остане аноминим ги користел среќните броеви на сопругата и на крај заработил 150.000 долари. Од Лотаријата рекоа дека на 13 април ја освоил третата награда од 50.000 долари.

Претходно на истото извлекување во мај 2022 година освои две награди од 50.000 долари. За сите три добивки во играта „Избери 5“, ги одиграл истите броеви, 48548. За последната вложил само еден долар.

Приказната ја објавил под името „Големиот победник“.

„Се погоди минатата година, се погоди и оваа. Сопругата ми ги избра броевите и продолживме да победуваме“, рече среќниот добитник.

На луѓето од лотаријата им рекол дека планира да продолжи да игра и покрај сите победи.

„Постојано играм лотарија. Никогаш не се знае. Не можете да победите ако не играте“, рече тој и додаде дека луѓето често прават грешка кога прекинуваат да ги играат нивните среќни броеви.

Камионџијата рече дека добивката планира да ја потроши за одмор со сопругата. Шансата за освојување на наградата од 50.000 долари во играта „Избери 5“ е 1:100.000.

Scroll to Top