Касетите се враќаат во мода во Америка

Во Америка се зголеми продажбата на аудиокасети од 173.000 во 2020 година, на 343.000 продадени примероци во 2021. Додека оваа година нивната продажба досега достигна бројка од 215.000 касети. Меѓу уметниците кои неодамна продаваа музика како касети се Били Ајлиш, Вик’нд и Ози Озборн, објави порталот „Луминејт“.

Според истражувачката Паулина Пчелин, големата слика покажува дека носталгијата веќе поттикна пораст и на продажба на винил-плочи, што ги прави попопуларни од ЦД-та.

Аудиофили ќе кажат дека винилот обезбедува најдобар квалитет на звукот, потоа ЦД-ата, а касетите се на трето место.

Scroll to Top