Касилјас повторно заљубен во новинарка

Легендарниот голман на Реал Мадрид и репрезентација на Шпанија Икер Касилјас е повторно заљубен. По разводот со Сара Карбонеро, повторно се заљуби во новинарка. Овој пат во италијанката Ана Килес.

Двајцата се видени во ресторан во Рим, а медиумите пишуваа дека биле заедно и за време на Светското првенство Катар кога почнале да се гледаат. Килес работи за италијанската државна телевизија „Раи 2“.

Досега ни Касиљас ни Килес немаат дадено коментар да потврдат или демантираат за новата врска. За потсетување, голманот повеќе од 10 години беше во брак со шпанската новинарка Сара Карбонеро со која се разведе во 2021 година. Сара по разводот е во врска со шпанскиот музичар Начо Табоада.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Quiles (@anaquiles30)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Quiles (@anaquiles30)

Scroll to Top