Катерина Таневска победи на Охрид фест, а Новица и Тања добија награда од новинарите

На сцената на Долни Сарај во Охрид вчеравечер се одржа првата фестивалска вечер од 30-то издание на „Охрид фест“.

Фолк песни во повеќе стилови, бавни, брзи, онаки кои потсетуваат на староградските песни, па и помодерни со поп призвук.

На јубилејното издание на „Охрид фест“ се појавија истакната македонски фолк пејачи кои дел од нив и заминаа со награди. Во ревијалниот дел од фестивалот настапи Сузана Спасовска, која доби награда за долгогодишно учество на „Охрид фест“.

Првото место од публиката и припадна на песната „Носиме на Долни Сарај“ во изведба на Катерина Танева и групата „Сарај“, втори се Наум Петрески и Лилијана Семкова кои ја исполнија мелодијата „Посилни од се“, а третонаграден беше Перо Христов за песната „Добри луѓе“.

Првонаграден од жирито е Душко Георгиевски, втор Даце Николовски, а третото место му припдана на Мирко Вретоски , која ја доби и наградата за нјдобар аражман.

Зуица Лазова пак доби награда за најдобра интерпретација на песната „Галебе“.

Додека пак наградата од новинарите ја доби брачната двојка Татјана Лазаревска и Новица Василевски за песната „Љубов ни е име“.

Вечерва на истата сцена на Долни Сарај во Охрид ќе се одржи Интернационалнтата вечер, со домашни пејачи и со гостите од регионот најавени за ова јубилејно издание на „Охрид фест“, Дадо Топиќ, Неда Украден, Гоца Тржан, Божидар Волф, Срѓан Марјановиќ и други.

Фото: Охрид фест Охридски Трубадури Фејсбук
Scroll to Top