Казна од 400 евра ако не пуштите вода во тоалет во најчистата земја во светот

Во Сингапур има чудни и бизарни правила. Ова е земја која нарекува Гибралтарот на Азија, а на малајски јазик „Сингапур“ значи „Лавовски град“.

Светската тоалетна организација била основана во Сингапур. И со оглед на тоа дека Сингапурците внимаваат на чистотата, ако по одење во веце не пуштите вода, може да бидете казнети со 400 евра.

Граѓаните на Сингапур може да гласаат на британските избори. Земјата е членка на Комонвелтот и со самото тоа нејзините граѓани го остваруваат тоа право.

Државата се простира на вкупно 63 острови, од кои голем дел се ненаселени или служат како воени и индустриски зони.

Сингапур е една од трите држави што немаат главен град. Останатите две се Монако и Ватикан.

Земјата има четири официјални јазици: англиски, мандарински, тамилски и малајски.

Најголемата фонтана на светот се наоѓа во Сунтек, а за тоа се потрошени 6 милиони долари.

На Универзитетот во Сингапур автоматите за „кока-кола“ почнале бесплатно да делат лименки откако ќе добиеле „гушкање“.

Ако се верува на едно британско истражување, тука луѓето одат најбрзо – 6,15 километри на час.

Гумите за џвакање се забранети, но на странците им е дозволено при влез да донесат две пакетчиња. Повеќе од тоа се смета за обид за шверцување.

Scroll to Top