Глоба од 500 долари ако не пуштите вода по употреба на тоалетот: факти за Сингапур, најчистата земја на светот

Островскиот град-држава Сингапур се наоѓа во Југоисточна Азија, составен е од 63 острови и важи за една од најбогатите земји во светот. Сепак, таму владеат прилично чудни и бизарни правила, како на пример да платите глоба од 500 долари ако не пуштите вода по употребата на тоалетот или забраната за џвакање мастики.

Во продолжение 11 факти за оваа уникатна земја.

1. Иако звучи неверојатно, сепак во Сингапур е основана Светската организација за тоалет. Тамошните жители многу внимаваат на чистотата, па би можеле да бидете казнети со 500 долари ако не пуштите вода откако ќе излезете од тоалетот.

2. Џвакањето мастики е забрането, а на странците им е дозволено да внесат две пакетчиња. Сè што е над тоа, се смета за обид за шверц.

3. Сингапурците може да гласаат на британските избори, бидејќи земјата а е членка на Комонвелтот и затоа нејзините граѓани го користат тоа право.

4. Во 2020 година беше отворена фонтаната Палма во Дубаи, но дотогаш најголемата фонтана на светот се наоѓаше во Сунтек за која беа потрошени помалку од шест милиони долари.

5. На санскрит, Сингапур е преведен како Град на лавовите, иако таму воопшто нема лавови.

6. Многумина навиваа откако на Универзитетот во Сингапур, автоматот на Coca-Cola почна да дели бесплатно лименки.

7. Британска студија откри дека луѓето овде најбрзо одат, во просек со 6,15 km/h.

8. Иако Сингапур опфаќа вкупно 63 острови, сепак многу од нив се ненаселени или служат како воени и индустриски зони.

9. На врвот на облакодерот долг 282 метри има бар, кој важи за еден од највисоките барови на врвот на зграда во светот.

10. Покрај Сингапур само Монако и Ватикан немаат главен град.

11. Таму се говорат четири официјални јазици: англиски, мандарински, тамилски и малезиски.

 

Scroll to Top