Ќе се снима продолжение на „Џокер“: Хоакин Феникс веќе го чита сценариото

Режисерот Тод Филипс го најави продолжението на филмот „Џокер“. Иако сè уште не е потпишан договор со главнниот глумец Хоакин Феникс, Филипс објави слика како тој го чита сценариото за филмот.

Филипс откри дека работен наслов на вториот дел е „Joker: Folie à deux“, што е медицински израз за ретко ментално растројство кое погодува двајца или повеќе луѓе. Се верува дека во вториот дел приказната ќе се фокусира на Џокер и Харли Квин, која последна ја глумеше Марго Роби.

Првиот дел на „Џокер“ имаше голем успех кај публиката и заработи повеќе од 1 милијарда долари. Филмот доби 12 номинации за Оскар, меѓу кои и за најдобар филм, најдобра режија и најдобро адаптирано сценарио, а освои две статуетки и тоа Хоакин Феникс за најдобра машка улога, а Хилдир Гвиднадоутир за оригинална музика.

Scroll to Top