Ќе се удавите од ѓубре додека пиете кафе на Стража оти нема ни контејнери

Кога ќе тргнете кон Охрид, по патот преку Стража, каде најчесто се застанува, за кафе или мекици, освен што ќе ве пречека голем знак на кој пишува „добре дојдовте во општина Кичево“, добредојде ќе ви посака ѓубрето на Стража.

Слика од расфрлано ѓубре по должина на патот од несовесни граѓани и смрдеа ќе ви го направи краткиот престој неудобен. Пластични шишиња, марамчиња, догорчиња, хартиени чашки од кафе ви прават друштво додека го пиете кафето или јадете мекица.

Во 21 век на место кое често се користи за кафе или ручек-пауза, нема ниту контејнери во близината на патот каде што ќе може граѓаните соодветно да го фрлат ѓубрето.






Scroll to Top