Ќерка на српски политичар убила 79-годишна баба

Ќерката на поранешниот српски политичар Саша Дујовиќ, Јелена Шпаговиќ, ја убила 79-годишната пензионерка Мајда Гаровиќ. Убиството се случило во 2019 година, а судот денеска ја осуди на 30 години затворска казна. .

Јелена ѝ била сосетка на Мајда и пред злосторот двете биле многу блиски. Јелена често ѝ помагала, а Мајда ѝ позајмувала пари. Медиумите пренесоа дека убиството најверојатно се случило откако Мајда ѝ вршела притисок на Јелена да ѝ ги врати парите.

Полицијата пренесе дека таа била убиена со удар во главата. Јелена прво ја удрила со чаша во тилот, а потоа со уште неколку садови, по што жената брзо искрвавела.

Телото го нашле на 20 јуни 2019 година во контејнер, само неколку дена откако била пријавена за исчезната. Смртта била предизвикана од задушување со гајтан во станот на Јелена. Јелена го ставила телото на Мајда во куфер и потоа со автомобил го однела и фрлила во контејнер.

На крај го запалила. Во потрагата по нејзиното тело учествувал и синот на Мајда, Дејан. Тој бил електроинженер и со своето знаење ѝ помогнал на полицијата да ја пронајдат. Тој го открил убиецот врз основа на СМС-порака. 

„Мојата мајка беше ангел. На никого никогаш не му направила нешто лошо и сигурен сум дека Јелена ја притискала за да ѝ ги врати парите кои ѝ ги позајмила. Тоа не беше нејзин манир. Јелена рече дека мојата мајка била агресивна кон неа и дека претерала, но тоа не е точно и сите кои ја познаваат се убедени дека тоа е лага. Јелена ја намамила да дојде во нејзиниот стан. Тоа го видов во пораките кои си ги размениле преку телефон. Смислено сакала да ја убие“, рече Дејан.

Неговата истрага многу  помогнала во истрагата на полицијата.

„Морав да барам нова СИМ картичка со бројот на телефонот на мајка ми, затоа што знаев дека во системот останаа сите комуникации и нејзини информации. Таа користеше ајфон, кој работи на тој принцип. Прво морав да му докажам на операторот дека имам право на тоа. Кога ми ја дадоа картичката ја ставив во нејзините телефон и ги повлеков сите информации од изгорениот телефон на мајка ми. Видов дека на „Вацап“ се договориле да дојде во нејзиниот стан. Дознав дека мајка ми во повеќе наврати ѝ позајмувала пари. Јелена сакала уште пари да извлече од неа“, рече Дејан, кој додаде дека злосторот не бил направен во афект, туку дека бил изрежиран.

„Тоа е страшен начин кој смислено го изрежирала Јелена, која очигледно е монструм и тежок злосторник. Таа ја призна вината на судењето на кое немаше новинари. Призна дека ја видела мајка ми како тешко дише кога се онесвестила и потоа со гајтан ја задушила. Тоа траело повеќе од еден час. По злосторот сакајќи да си обезбеди алиби, го побарала бившиот сопруг и заедно заминале да купат детски сандали“, рече Дејан.

Јелена денеска била осудена на 30 години затвор. Одлуката ја донесе Советот на Вишиот суд во Белград, а Вишото јавно обвинителство побарало од судот во завршниот збор да ја осуди Јелена на максимална казна од 40 години затвор.

 

 

Scroll to Top