Ќерката на светскиот психолог Џордан Петерсон го замоли Маск да му го врати твитер-профилот кој му беше блокиран

Ќерката на светскиот психијатар и писател Џордан Пересон, Микхаила, го замоли Илон Маск да му го врати твитер-профилот на татко ѝ откако претходно му беше блокиран поради објави кои поттикнувале говор на омраза.

„Илон Маск, може ли да му го вратиш профилот на мојот татко Џордан Петерсон, но некако да направиш да не виси по цел ден на него“, напиша Микхаила, чија објава ја прочитале повеќе од 30.000 луѓе.

За потсетување, претходно „Твитер“ му го блокираше профилот на Џордан поради коментарите и објави за трансродниот актер Елиот Пејџ, кој беше познат под името Елен.

„Се сеќавате ли кога гордоста беше грев? А Елен Пејџ штотуку го отстрани грдиот лекар криминалец“, напиша Џордан.

Откако Илон Маск го презема „Твитер“ ги избриша голем број профили на „Твитер“ за, како што рече, да воведе ред и да го намали говорот на омраза. Тој почна да ги брише и големиот број ботови и лажни профили, но сепак има и такви кои очекуваат повторно да бидат вратени на „Твитер“.

Scroll to Top