Кинеска со пластична операција си го сменила ликот за да не плати милионски долг

Жителка на градот Вухан си го сменила својот изглед со пластична операција за да избегне да плати долг од 25 милиони јуани, што е повеќе од 3,7 милиони долари. Парите ги зела како кредит од банка.

Полицајците случајно ја уапсиле 59-годишната жена и по отпечатоците откриле дека по неа е распишана потерница. Биле зачудени бидејќи жената изгледала како да има триесетина години и била многу поинаква отколку на фотографиите од потерницата, пишуваат локалните медиуми.

Жената тогаш признала дека, освен што не ги вратила парите, користела странски лични карти за да патува во земјата со воз. Таа ја финансирала пластичната операција со банкарски картички, земени на заем.

Scroll to Top