Кинезите во потрага по нафта ќе ја ископаат најдлабоката дупка во Земјата

Кинески научници почнаа да дупчат дупка длабока 10.000 метри во Земјината кора. Имаат за цел да ја ископаат најдлабоката дупка во Земјата. Копањето почна на 30 мај во регион богат со нафта, а велат дека ќе навлезат во карпи стари 145 милиони години.

„Тоа не беше лесен проект. Конструкцијата на дупчалката може да се спореди со голем камион што се вози на два тенки челични кабли“, рече Сун Џинсенг од Кинеската академија за инженерство.

Најдлабоката дупка ископана од човекот на Земјата и понатаму е руската супер длабока бушотина Кола, која во 1989 година, по 20 години дупчење, достигнала длабочина од 12.262 метри.

Scroll to Top