Констракта дел од кампањата за подигање на свеста за кибернасилство врз жените

Српската пејачка Ана Ѓуриќ Констракта се приклучи на кампањата „Бодирајт“ која има за цел заштита на телесниот интегритет на интернет, но и во реалниот живот која започнува во Србија.

Целта на кампањата е да се подигне свеста во општеството за распространето родово насилство во дигиталната сфера и неговите последици. Учесниците ја истакнуваат потребата од подобрување на нормативната рамка на глобално ниво во однос на регулирањето на човековите права во онлајн просторот и ги повикаа технолошките компании да се вклучат и да придонесат.

Истражувањата спроведени во Србија покажуваат дека 78 отсто од жените не се чувствуваат безбедно на интернет, иако поминуваат повеќе од три часа дневно на интернет.

Во светот, 85 отсто од жените изјавиле дека биле сведоци на дигитално насилство, а 40 отсто рекле дека го преживеале.

 

 

Scroll to Top