Концерт на Аца Лукас на „Каменичко културно лето“, а ќе настапат и македонски пејачи

На градскиот плоштад во Македонска Каменица од 26-ти до 28-ми август ќе се одржи традиционалното „Каменичко културно лето 2023“.

Покрај македонските изведувачи како Силви Бенд, Наум Петрески, Дамјан Стојановски, Зуица Лазова, ќе настапи и балканската ѕвезда Аца Лукас.

На денот на Општината и Денот на Рударите на 28 Август ќе настапат Бојана Скендеровски и Ламбе Алабакоски.

Во Каменица покрај музика ќе има и спортски натпревари, настани на културни друштва и ансамбли.

На 26-ти август настапуваат Силви Бенд и Наум Петрески, на 27-ми август ќе настапат Зуица Лазова и Дамјан Стојановски, а на 28-ми август првин ќе настапат Бојана Скендеровски и Ламбе Алабакоски, а потоа од 22 часот е најавен концерт на Аца Лукас.

Scroll to Top