Концерт на Зарина Првасевда во Битола

На 17 декември во Офицерскиот дом во Битола концерт ќе одржи Зарина Првасевда. Концертот наречен „Ехо“ е склоп од 11 традиционални песни од Балканот, отпеани на пет јазици: македонски, албански, турски, српски и бугарски.

„Да се пее во Битола пред битолчани е голема чест и задоволство, но и одговорност. Овој пат интимно, со публика во ограничен број, и за моја голема радост ќе бидеме блиску, буквално ќе можеме да си го слушаме срцебиењето едни со други. Ќе биде вечер на променада на емоции, претпразнично честење на душата со музичка прошетка низ различни култури“, вели Зарина.

Покрај песните од албумот „Ехо“, кој таа неодамна го издаде за издавачката куќа „Кроација рекордс“, ќе испее и некои нови песни кои ќе бидат дел од нејзиниот следен албум.

 

Scroll to Top