Концерти, детска програма и многу попусти за 10. јубилеј на „Сити мол“

Со концерти, огнено шоу, детска програма и големи маскоти, викендов „Сити мол“ ќе прослави 10 години од своето отворање.

Тридневната забава почнува денес (30 септември) со настапи на познати диџеи од домашната клупска и радиосцена, а концерт ќе имаат диригентот Џијан Емин и The Magical Orchestra: „Електросимфонија“. В сабота, 1 октомври, концерт ќе одржи македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева, а истата вечер ќе настапат уште неколку домашни бендови и диџеи. Програмата на третиот ден, 2 октомври, е првенствено за најмладите, кои ќе може да ги видат „Светот на Биби“, „Фамилија 5+“, а во музичкиот дел ќе настапат децата од фестивалот „Златно славејче“.

Концертите ќе се одржат на отворениот паркинг на покривот на „Сити мол“. Влезот е слободен, а капацитетот е за 2.500 луѓе. Организаторите најавија дека кога капацитетот ќе се пополни, влезовите за концертите ќе бидат затворени по што ќе продолжат да работат на принцип излез-влез поради одржување на бројката од 2.500 луѓе.

Јубилејот ќе се одбележи и со попусти во сите дуќани, а попустите ќе траат до 4 октомври.

Scroll to Top