Авалон продукција го презакажуваат концертот на Сенида и Саро Јо за на 17 ти јуни, поради лошите временски услови и најавеното невреме, повторно на стадионот АРМ во Скопје.
„На барање на публиката, успеавме новиот датум да го закажеме за викенд – ден, петок. Сите што имаат набавено влезници за настанот имаат можност да ги зачуваат бидејќи ќе им бидат важечки за новата дата – 17ти јуни или доколку сакаат рефундација истото тоа може да го сторат од продажното место од кое имаат купено влезници во период од 30.05 до 06.06“, информираат од Авалон.