Кошаркар од Црна Гора донирал 500.000 евра за лекување болно дете

Најдобриот играч на Барселона и поранешен кошаркар на Реал Мадрид, Чикаго Булс, Њу Орлеанс и Милвоки Бакс, Никола Миротиќ донирал 500.000 евра за лекување на малиот Вукан Стојиљковиќ. Вукан болува од спинална мускулна атрофија и му треба најскапиот лек на светот.

Неговите родителите рекоа дека Миротиќ уплатата ја извршил тајно и дека тој не сакал да се зборува за тоа. Тие само откриле дека станува збор за спортист. Миротиќ е познат по тоа што редовно донира средства за болни деца и помага во разни хуманитарни акции.

Роден во Подгорица во 1991-ва, а на 14 години потпиша јуниорски договор со Реал Мадрид. Има 2 шампионски титули во Шпанија, два пати беше биран за МВП на шпанската лига.

Scroll to Top