Кралицата Елизабета починала од старост три часа пред да биде објавено јавно

Британската кралица Елизабета Втора, починала од старост три часа пред службите да  објават јавно. Ова го пишува во потврдата за нејзината смрт, која ја објавија од Националниот архив на Шкотска. Кралицата почина на 8 септември во 15:10 часот по локално време, стои во извештајот.

За потсетување, од Бакингамската палата во 12:32 часот објавија дека постои сериозна загриженост за здравјето на кралицата, по што во Балморал беа повикани најблиските членови на семејството. Премиерката Лиз Трас била информирана за смртта на кралицата во 16:30 часот.

Scroll to Top