Кралот Чарлс му ја скрати титулата на помладиот брат за да ѝ ја даде на принцезата Шарлот

Кралот Чарлс не го има поставено принцот Едвард за војвода од Единбург, затоа што наводно, оваа титула ја чува за принцезата Шарлот, пренесуваат британските медиуми.

Овие наводи доаѓаат по шпекулациите за тоа, зошто кралот му ја има ускратено оваа титула на помладиот брат, од кого се очекуваше дека ќе ја наследи по смртта на принцот Филип минатата година

„Разговорите се во тек, но најдобриот исход за кралот, е титулата да ѝ припадне на принцезата Шарлот. Тоа е убав начин да се потсетиме на покојната кралица Елизабета, која ја имаше титулата војводката од Единбург“, рече неименуван извор близок до кралското семејство.

Како второ дете на принцот од Велс, Шарлот е трета во редот за престолот, по нејзиниот татко Вилијам и брат ѝ принцот Џорџ. Кога Кејт Мидлтон беше бремена со Џорџ, правилата на кралското првородство се променија и им се овозможи на девојчињата во кралското семејство да ги имаат истите права како и машките.

Иако Кејт прво роди момче, а потоа и девојче, овој закон не ја промени линијата на наследување кога добија трето дете, принцот Луис, кој остана зад својата сестра во редот на наследување. Титулата војвода и војвотка од Единбург е една од највисоките во кралското семејство, пренесе „Дејли Мејл“.

Позицијата на Шарлот како второ дете на престолонаследникот е слична на онаа на принцезата Ана, кралската принцеза, која беше второ дете на принцот Филип и Елизабета. Но, за разлика од Ана, таа ќе биде високо рангирана во редот за престолот, сè додека нејзиниот постар брат Џорџ не добие деца.

Кога Вилијам ќе стане крал, Џорџ ќе стане војвода од Корнвол, а потоа и принц од Велс, но не и војвода од Единбург.

„Позицијата на Шарлот е историски значајна бидејќи таа е првата жена член на кралското семејство чие место во редот на наследување нема да го надмине нејзиниот помлад брат. Затоа е уставно значајно Шарлот да добие таква соодветна титула, каква што не е надвор од доменот да се искачи на тронот, ако на пример, принцот Џорџ нема да има деца“, објаснува изворот.

Титулата војвода од Единбург била доделена три пати во историјата на британската монархија. Првпат била доделена во 1726 година од кралот Џорџ I на неговиот внук принцот Фредерик кој бил во директна линија на наследување, а подоцна станал принц од Велс.

За време на владеењето на кралицата Викторија му ја додели титулата на нејзиниот втор син принцот Алфред во 1866 година.

Џорџ VI потоа му ја доделил титулата на принцот Филип кога се оженил со принцезата Елизабета во 1947 година. Двојката тогаш ја носел титулата војвода и војвотка од Единбург.

Со години се сметало дека братот на кралот Чарлс, принцот Едвард, третиот син на кралицата и принцот Филип, ќе го добие тој чин, но, тоа сè уште се нема случено. За разлика од браќата, кои по венчавањето добија титула војвода, Едвард стана гроф од Весекс, а неговата сопруга Софи стана грофица.

Тој исто така на својот 55 родеден во 2019 година стана грофот од Форфар. Бакингемската палата сè уште се нема огласено по овој повод.

Scroll to Top