Краш ја преименува популарната „Домаќица“ и предизвика куп негативни реакции

Откако хрватската компанија „Краш“ го промени името на култните кекси „Домаќица“, луѓето реагираа со негативни коментари и тоа не стивнува.

Познатата „Домаќица“ доби и надополнето име. Па така, веќе можат да се најдат во комбинација со „правничка“, „програмерка“, „менаџерка“, „медицинска сестра“, „уметницa“ и така натаму.

На социјалните мрежи не престануваат коментарите за оваа кампања, која Краш ја нарекоа #IJaSamDomacica, а твитерџиите сметаат дека овој обид за политичка коректност, не помина добро.

Иако мотото на кампањата е „Биди дел од промената“, многумина сметаат дека новото име на кексите промовира назадни идеи и дека на жените јасно им се покажува каде им е местото, односно дека може да бидат што сакаат сè додека се домаќинки.

„Дали во ‘Краш’ полудеа“, прашува една твитерџика, „Краш ни изработи цела колекција за да сфатиме што можеме да бидеме покрај тоа што сме домаќинки“.

Додека едни наведуваат дека „Краш“ на жените им претстави што сѐ можат да бидат, други се прашуваат што фали ако се само домаќинки.

Scroll to Top