„Круна“ почнува на 9 ноември, по смртта на карлицата се крена и популарноста на серијата

Петтата сезона од серијата „Круна“почнува на 9 ноември. По четири успешни сезони доаѓа и претпоследната од хит серијата на Нетфликс. Серијата ја креираше Петер Морган и е една од најскапите серии на Нетфликс. Се проценува дека продукцијата само за првата сезона чинела околу 100 милиони долари.

Во најновата сезона нови актерки имиња ќе ги играат улогите на членовите од кралското семејство. Имелда Стаутот е новиот лик во улогата на кралицата Елизабета Втора која ќе ја игра и во шестата сезона.

Деведесеттите најверојатно биле најпредизвикувачки во владеењето на Елизабета. Кралицата и претходно има изјавено дека 1992 била ужасна година со кралски скандали и политички несогласувања. Во тој период три од четирите деца на кралицата се развеле од своите партнери. Најпознат беше разводот на Чарлс и Дајана.

Смртта на принцезата Дајана во 1997 година е најконтроверзен настан во британската историја. Сите овие настани се очекува да бидат прикажани во новата сезона.

Инаку, по смртта на кралицата нагло порасна популарноста на серијата. „Круна“ се наоѓа на второто место на трендиг листата во светот.

Scroll to Top