Огнен Здравковски, Таско, Пајак, Лара Иванова, Теа Трајковска ќе пеат на хуманитарниот настан за Лео во општина Аеродром.
Хуамнитарниот концерт „Бек ту скул“ ќе се одржи на 3 -ти септември пред трговскиот центар „Капитол“ со почеток во 18 часот
„Оваа година подготвивме уште една хуманитарна и забавна манифестација. Низ богата забавна и музичка програма ќе уживаме во настапите на македонски и локални артисти. Настанот, освен забавен ќе има и хуманитарен карактер, а сите заеднички ќе имаме можност да донираме за лекувањето на Леонид Индов“, информираат организаторите.
Забавата за сите ученици од Аеродром ќе биде отворена со настап на детскиот хор „Поточиња“.