Легендарниот бугарски фудбалер Димитар Бербатов рече дека како мал Панчев му бил идол

Поранешниот фудбалер на Бугарија, Димитар Бербатов, кој беше познат и по настапите во Премиер Лигата за Манчестер Јунајтед и Тотенхем, во интервју за „Спортал.рс“, рече дека Дарко Панчев е еден од најдобрите фудбалери и дека уште од мал му бил идол.

Тој го избра Панчев пред другите легендарни бугарски фудбалери како Стоичков и Костадинов.

„Кога би се навратил во минатото можам да кажам дека еден од моите омилени играчи и мој идол беше Дарко Панчев. Го обожував како даваше голови. Во тие времиња Црвена Ѕвезда имаше супер тим, но Дарко Панчев беше посебен. Го обожава, можеби и поради името. Како убаво одекнува, беше посебен. Секоја чест“, рече Бербатотв, кој според многумина има и македонско потекло.

За потсетување, Бербатов на почетокот на кариерата за малку ќе потпишеше и ќе играше за Вардар.

Scroll to Top