Легендарниот Најџел Бонд ги подготвува македонските снукер репрезентативци за Европско првенство

Легендарниот британски снукер играч Најџел Бонд доаѓа во Скопје за да ги води подготовките на македонската снукер репрезентација која ќе настапува на претстојното Европско првенство . Тие ќе насапат во поединечна конкуренција во Малта која е  домаќин од 11 до 18 март.

Подготовките се одвиваат во новата Снукер Арена на Гран Клуб во Скопје, а покрај поединечните тренинзи со репрезентативците Берат Јашари, Петар Панов, Владо Матоски, Петар Колоски и Влатко Јанев, ќе се одигра и егзибиционен турнир во дисциплината „6 црвени“.

Бонд (57), кој лани ја заврши својата долгогодишна успешна професионална кариера, има повеќе титули, како и настап во финалето на Светското првенство во 1995 година.

“Како промотор на овој спорт повеќе пати беше во Македонија, а овој пат доаѓа токму во време кога се појавува нова генерација на играчи кои го преземаат приматот во националното првенство“, велат од македонската Снукер Асоцијација.

Scroll to Top