Лепа Брена денес чини 250 евра, и се продава и во делови: Музејот на Југославија се потсети на култната барби кукла со ликот на пејачката

По големиот успех на филмот „Барби“ во режија на Грета Гервиг, Музејот на Југославија на социјалните мрежи објави фотографии од куклата Барби направена во ликот на Лепа Брена.

„Додека цел свет лудува по новиот филм „Барби“, ние од колекцијата избираме барбика направена во ликот на Лепа Брена. Овој производ со ликот на познатата пејачка е продуциран со албумот „Боли ме уво за све“, кој е и саундтрак на филмот „Хајде да се волимо 3-  Се мажи Лепа Брена“. Музејот е тука да ја исправи неправдата и да потсети на овој важен југословенски придонес на Барбиланд“, напишаа тие.

Многу колекционери се заинтересирани за оваа кукла, која ја имаа многу девојки во Југославија. Денес вреди приближно 250 евра. Цената, се разбира, зависи од зачувувањето и опремата што оди со неа.

Интересно е и тоа што на делови се продава и барбиката Лепа Брена. Можно е да се најде само глава, рака или нога. Цената на поединечните делови се движи од пет до 20 евра.

Барби Лепа Брена тогаш руши рекорди на продажба, што е доказ колку оваа пејачка била популарна во поранешна Југославија.

Scroll to Top