Лепа Брена и Халид Бешлиќ ќе настапат на Тиквешки гроздобер

Од седми до десети септември во Кавадарци ќе се одржи традиционалната стопанско туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“. Лепа Брена, Дарко Лазиќ, Халид Бешлиќ и Хурикејн, но и претставници на македонската музичка сцена се дел од музичката понуда за оваа манифестација.

И годинава дел од програмата за „Тиквешки гроздобер“ се карневалското дефиле, културни настани, мото рели, таблијада, изложба на олд тајмери.
На градскиот плоштад во Кавадарци ќе се презентира тиквешка традиционална храна, како и вино, ракија, маџун.
Scroll to Top