Српската актерка Лидија Вукиќевиќ ќе глуми во комедијата „Обвинителка“ чија премиера ќе се случи во Театарот во Штип на 29 -ти март. Автор на претставата е Огнен Неделковски, додека режијата е на Сашо Ристовски.
Во улогата на обвинителката Вукиќевиќ свои партнери на сцената ги има актерката Магдалена Ризова-Черних и актерот Сашо Ристовски. Режијата на оваа театарска претстава ја потпишува актерот Ристовски, сценографијата е на Крсто Богојевски, костимите се изработени од страна на Елена Лука, а музиката е на познатиот Мишел Трајковски.
„Оваа претстави низ низата на динамичните дејствија, брилијатната актерска екипа, ги одговара оддамна непоставените прашања: Како е да се биде обвинител? Како е да се работи во обвинителство? Како може или неможе да се спасиш од обвинение? Љубовта и страста што можат да му сторат на еден човек, како е да се плашиш и да живееш во страв дека те прислушкуваат, колку и на што се сме спремни за да побегнеме од одговорност и многу општествени случувања кои се карактеристични на денешното време“, изјавија организаторите.
Претставата се подготвува со полн интензитет и плод на соработка на нашата држава и Република Србија. Претставата ,,Обвинителка” првата реприза ќе ја има на 30-ти март во Куманово, а веднаш потоа следува гостување во Охрид и Битола.