Водителката Лила Филиповска денес на панел дискусија ќе ја раскаже нејзината приказна за борбата со ракот на дојка. Друштво ќе и прави српската хуманитарка и инфлуенсерка Ана Дорник која ќе ја промовира нејзината нова автобиографска книга „Ти си таа“.
Ана е жена која со својата работа има помага на могу жени да се справатс о борбата со ракот. Гостите ќе имаат можност да проследат дел од нејзините мотивациски говори, како и одблиску да ја запознаат и да поразговараат со неа.
Настапот ќе се одржи денеска (29-ти март) во хотелот Александар Палас. Влезот е бесплатен. Поддршка за македонското преставување Ана Дорник доби од Здружението ЕЗРА.
„Искрено се радувам и со нетрпение ја очекувам средбата со македонската публика. Веќе имам многу следбеници од Македонија, кои постојано ми пишуваат и ме канат да дојдам кај вас. Затоа, со помошна моите пријатели од Езра, одлучивме да ја направиме оваа промоција и да се запознаеме и во живо. Нашата борба е универзална, не познава граници или јазични бариери, сите сме ние исто во нашата истрајност да го победиме ракот. Затоа е важно да зборуваме отворени и да се поддржуваме“, изјавила Ана Дорник.
Автобиографската книга на Ана, „Ти си таа“ е создадена со цел да се стекне поголема свесност за раната превенција, едукација и поддршка во лечењето како и за секојдневните предизвици со кои се соочуваат жените, кои се борат со оваа болест. Лична приказна, која служи како пример и поттик за општесвена промена. За својата усрдна и безпоштедна хуманитарна работа Ана Дорник ја добила наградата за животно дело на министерството за здравство на Србија, како и други награди кои се признание за нејзините заложби за општествена промена.
За време на промоцијата, посетителите ќе можат да ја купат нејзината автобиографска книга. Целиот приход од продажбата на книгите ќе биде наменет за борбата со ракот на дојка. Воедно Ана Дорник заедно со претставниците на здружението Езра ќе ги посетат и жените кои се ново оперирани на клиниката за торакална хирургија.