Лимузината на Ердоган е најбезбедна во светот, „мерцедесот“ е отпорен на куршуми и бомби

Лимузината во која се вози турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, е најбезбедната во свет. Ердоган неодамна се возеше со неа низ Балканот, а со истата има поминати и посетено голем број држави на сите континенти, од Европа, преку Азија, Африка, па дури и во САД.

Како што пренесува „Јутарни лист“, станува збор за „Мерцедес“ Majbahu S650 V12 (W222), кој Ердоган го користи од 2019 година. Црната лимузина е дел од луксузната С-класа, која ја изработи познатото одделение на „Мерцедес“ Guard.

Тоа одделение веќе повеќе од десет децении изработува оклопни модели со специјална заштита за голем број светски лидери, а првиот блиндиран „Мерцедес“ го изработи за јапонскиот цар уште во 1930 година.

Луксузот, удобноста, широките опции за прилагодување и фабрички интегрираната максимална заштита, сè уште се елементи на секој „Мерцедес“ од одделот за заштита денес.

Сите дополнителни елементи за врати, задното стакло, страничните компоненти, покривот и противпожарната заштита не се вградуваат дополнително, туку се од самиот почеток инсталирани во каросеријата во посебен производствен процес. 

Потенцијалните слабости се идентификувани преку специјални тестови за време на производството. Ги проверуваат експерти. Интересно е тоа што, „Мерцедес“, на купците на блиндирани С-класа автомобили, им осигурува бесплатен курс по возење.

Покрај тоа што автомобилот е целосно оклопен, има и систем за довод на свеж воздух за итни случаи, кои ги штити патниците од влез на чад или иритирачки гасови. Има само-активирачки систем за гасење пожар и гуми со кои може безбедно да се вози дури и кога ќе се дупнат.

Има балистичка заштита VR9 и VR10, што значи дека возилото може да издржи многу сериозни удари како што се куршум од воена пушка М60, М14 или ФАЛ-ФН на растојание од 10 метри или куршум од пушка М16, 357 Магнум, 44 магнум, па дури и фрагментирани куршуми од 20 мм и експлозии на гранати.

Огромниот крстосувач има должина од 5462 mm, меѓуоскиното растојание е 3365 mm (200 mm повеќе од стандардниот модел).

Со цел постојано да има доволно моќ, под предниот капак се наоѓа 6,0-литарски V12 мотор со моќност од 530 коњски сили и максимален вртежен момент од 830 Nm достапни од 1900/мин.

Ексклузивноста на ознаката S-Class Maybach е на „i“, па така оклопната претседателска лимузина од високата класа на Ердоган комбинира традиционална елеганција со ултрамодерна технологија и врвен комфор на задното седиште.

Според ценовникот на „Мерцедес“ од 2019 година овој автомобил чини половина милион евра. 

Scroll to Top