Лирен Динг поранешен член на ШК Алкалоид, стана новиот светски првак во шах

Лирен Динг, шахистот кој беше дел од ШК Алкалоид во 2016 година и го предводеше најтрофејниот клуб во Македонија до шампионската титула на Европскиот клупски куп во Нови Сад, Србија, триумфираше во „тај-брејкот“ од дуелот со Јан Непомнијачи, и стана новиот светски првак во шах.

Динг играше за македонскиот шампион и во настапите на Европскиот клупски куп во 2017 и 2018 година, при што има и уште еден трофеј за второто место во Анталија, Турција.

Лирен има 30 години и стана првиот кинески шахист што стигнал до светската титула во поединечна конкуренција.

Scroll to Top