Ливерпул и Глазгов потенцијални градови домаќини за Евровизија 2023

Ливерпул или Глазгов се предлозите од Велика Британија за Евровизија 2023 година, откако оваа земја беше избрана за домаќин поради војната во Украина поради втората позиција на британскиот претставник.

Во кој град ќе се одржи Евровизија следната година ќе објави Би-Би-Си, која го продуцира настанот. Во процесот на селекција Британската радиодифузна корпорација се фокусирала на британски градови кои претходно се докажале како добри домаќини на големи меѓународни настани.

Инаку на конкурсот за градови домаќини, беа предложени седум британски градови.

Украина требаше да биде домаќин на натпреварот следната година, откако украинската фолк-рап група Калуш Оркестар победи на натпреварот во Торино во мај, а британскиот претставник Сем Рајдер го освои второто место со необичната песна „Спејс Мен“.

 

 

 

Обединетото Кралство претходно осум пати беше домаќин на натпреварот, четири пати во Лондон. Последен пат таму се одржа во 1998 година во Бирмингем.

Scroll to Top