Логан Браун е првиот бремен трансроден маж кој позираше за магазинот Прајд

Логан Браун стана првиот бремен трансроден маж, кој позираше за насловната страница на изданието „Прајд“ на магазинот „Гламур“. Позираше во костум насликан на неговото тело, а насловната страница предизвика реакции кај милиони луѓе.

Логан забременил со небинарна личност што се занимава со уметност. Вниманието го привлече кога почна да го споделува своето искуство во бременоста на блогот Up The Duff Man.

„Јас сум бремен транс маж и постојам. Што и да каже некој, јас сум жив доказ.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LoGaN (@loganecbrown)

27 годишниот Браун вели дека неговата бременост била неочекувана и дека се чувствувал како целиот свет да запрел кога го видел тестот за бременост. Рече дека бил жртва на бројни коментари откако ја објавил веста на социјалните мрежи. „Мажите не можат да забременат“, му пишувале во коментарите.

Клои Ловс од магазинот „Гламур“ се сретнала со Логан две недели пред да ја роди ќерка му Нова, за да разговараат за љубовта, родовата дисфорија и други прашања што ги мачат трансродните лица.

„Она што ме прави да се чувствувам моќен како транс маж е тоа што без разлика кој и да кажам дека сум, јас сум таа личност и тоа никој никогаш не може да ми го одземе“, рече Логан во интервјуто кое предизвика реакции и во Британија, но и во светот.

Тој во моментот пишува две книги, автобиографија и една за својата бременост. Ја нарече „Стомакот на мојот татко“. Имало бројни коментари и реакции и за оваа насловна.

„Ова е крајот. И тоа го доживеавме. Катастрофа. Овој свет одамна отиде таму каде што не треба. Немам зборови. Моите очи не можат да се навикнат на ова. Го разбирам правото на избор, но нема потреба од ваква промоција. Ова не е природно и тука е крајот на секоја приказна“, коментираа фановите.

Scroll to Top