Лондон не е помеѓу седумте потенцијални градови домаќини за Евровизија 2023

Седум потенцијални градови, а Лондон не е помеѓу нив за град домаќин на Евровизија следната година, објави Европската радиодифузна унија.

Бирмингем, Глазгов, Лидс, Ливерпул, Манчестер, Њукасл и Шефилд се потенцијалните градови, објави Би Би Си.

За град домаќин на Евровизија се појавиле 20 гардови во Велика Британија, додека потесната листа била направена врз основа на нивните можности и способности да организираат голем настан, како што европското музичко натпреварување.

Како што објави Европската радиодифузна унија и Би Би Си ќе ги посетата градовите и ќе утврдат дали ги исполнуваат сите критериуми на организацијата, а името на градот домаќин на „Песна на Евровизија“ ќе биде познато во текот на есента, објави ЕБУ.

Велика Британија е домаќин на Евровизија следната година, откако беше утврдено дека годинашниот победник Украина не може да биде домаќин на натпреварот поради воената состојба во земјата. Организацијата им беше понудена на Британците бидејќи нивниот претставник Сем Рајдер беше вицешампион на натпреварот во Торино.

 

Scroll to Top