Лотар Матеус и Оливер Кан се испокараа на натпреварот меѓу Баерн и Дортмунд

Двајцата германски фудбалски легенди, Лотар Матеус и Оливер Кан се испокараа пред камерите за време на натпреварот во Германската Бундес лига, меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортумнд.

Двајцата се караа околу одлуката на Баерн Минхен да го смени тренерот Јулијан Нагелсман и на негово место го донесе Томас Тухел. Паднаа тешки зборови, а Матеус го испровоцира Кан, кој е и директор во Баернд, за однесувањето на челниците во клубот и тамошните случувања.

Матеус во голем број колумни го критикуваше клубот заради информациите кои излегуваа од таму и затоа што италијанскиот новинар Фабрицио Романо прв објави за отказот на тренерот.

„Катастрофа е тоа што се случи со Јулијано. Веќе неколку пати рековме дека информациите не излегоа од клубот. Така самите би си пукале во нога. Прво му јавивме на Нагеслман, а тоа беше тешка ситуација“, рече Оливер Кан.

Матеус рече дека челниците во Баерн газат преку слоганот Mia san Mia, кој во превод значи „Ние сме оние кои сме“.

„Не сакам да водам лична војна тука. Можеш да ме викнеш било каде на било кое место да разговараме. Работите се променија и на поинаков начин го водите клубот од порано“, рече Матеус.

Од порано беше познато дека челниците во Баерн прво го договорија доаѓањето на Тухел, а дури потоа за тоа го известија Нагеслман, кој за отказот рече дека дознал од медиумите. За тоа водителот Себастијан Хелман го праша Кан, зошто прво не го известиле Нагелсман пред да го избркаат.

„Можеби во теорија звучи дека требало, но работите поинаку функцинираат во пракса. Додека немате потврда од тренерот, не можете да донесете одлука, па чекавме ситуацијата да биде кристално јасно. Нагелсман во тој момент беше на одмор и не можеше да дојде во просториите на клубот“, објасни Кан.

Легендарниот голман за време на емисијата се правдаше и објасни дека не сакал преку телефон да му соопшти на Нагеслман дека заработил отказ.

„Кан лаже. Сака да го сврти вниманието на своите проблеми, па ме напаѓа мене. Бев подготвен за тоа. Го кажувам она што го гледам и чувствувам. Хронолошкиот редослед, оној кој Кан го објасни, не одговара со вистината“, му врати Матеус.

За потсетување, натпреварот меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд заврши со победа на домаќините од 4:2.

Scroll to Top