Мачка од Велика Британија влезе во Гинис како најстара во светот

Мачка од Велика Британија е прогласена за најстарата мачка на светот. Флоси има 26 години и 329 дена, што е околу 120 човечки години, според Гинисовата книга на рекорди.

Оваа мачка живеела во многу домови во текот на својот долг живот. Таа неодамна беше предадена на Cats Protection, хуманитарна организација за мачки и сфатија дека Флоси има неверојатно долг живот.

„Бевме вчудовидени кога видовме дека ветеринарното досие на мачката е стар 27 години“, изјавила координаторката за заштита на мачки Наоми Рослинг.

Таа за првпат била посвоена во декември 1995 година од работник во болницата Мерсисајд во Ливерпул. Таа била дел од групата скитници кои шетале низ болницата. Некои од тамошните работници решиле да посвојат и таа живеела со својот сопственик 10 години, додека жената не починала.

Таа потоа била посвоена од сестрата на починатиот сопственик и живеела со неа 14 години, додека и таа за жал не починала. На 24 години ја презел синот на претходниот сопственик. Со него живеела околу три години. Тој се грижел за неа најдобро што можел, но на крајот ја предал во хуманитарна организација.

Бидејќи постарите мачки се со помала веројатност да бидат посвоени, но Флоси имала среќа и била посвоена од Вики Грин, која се грижела за четири постари мачки, од кои едната живеела 21 година.

„Од самиот почеток знаев дека Флоси е посебна мачка, но никогаш не замислував дека ќе го делам мојот дом со некој светски рекордер“, вели таа.

Додека Флоси е моментално најстарата мачка на светот, најстарата што некогаш живеела била Крем Паф од Тексас, која починала во 2005 година на возраст од 38 години и 3 дена.

Моменталниот рекордер за најстарото живо куче е 22-годишниот Џино.

Scroll to Top